Лукаревска: Поголеми плати, пензии, инвестиции, СДСМ има резултати што прават разлика во секој сегмент

Од:

СДСМ има резултати кои вистински и реално прават разлика во секој сегмен споредбено со ВМРО-ДПМНЕ, порача заменик претседателката Сања Лукаревска на денешната трибина „Резултати што прават разлика, на тема инфраструктура што се одржа во Битола.

-Нема сегмент во којшто СДСМ ако се спореди со ВМРО-ДПМНЕ нема подобар резултат. Да ги земеме прво платите. Минимална плата – 8.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 20.000 денари СДСМ. Просечна плата – 20.000 денари ВМРО-ДПМНЕ, 34.000 денари СДСМ. Кај пензиите, просечната во време на ВМРО-ДПМНЕ беше 13.000 денари, а сега со СДСМ е 19.000 денари. Невработеност – ВМРО-ДПМНЕ 25%, СДСМ 14% во овој момент. Директни странски инвестиции – 760 милиони евра СДСМ во кризна година два пати поголеми од 2016 година. Во енергетиката- 18 мега вати во време на ВМРО-ДПМНЕ и 283 мега вати инсталиран од обновливи извори на енергија во време на СДСМ. Поврат на ДДВ, нула во време на ВМРО-ДПМНЕ, 2.100 денари во време на СДСМ. Патишта – 600 километри ВМРО-ДПМНЕ за 10 години, 1.400 километри асфалт СДСМ за 6 години.“ порача Лукаревска.

Заменик претседателката оцени дека со ВМРО-ДПМНЕ државата 11 години беше заробена и изолирана држава, а денеска сме партнер со САД и со ЕУ, членка на НАТО и со започнати преговори со ЕУ со СДСМ.

-Затоа, резултати и исполнети ветувања што прават разлика е најсоодветно во овој момент што важи за СДСМ, најголемата, најсилната, државотворна партија во земјава, заклучи Лукаревска во обраќањето на денешената трибина Резултати што прават разлика во Битола.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски