Лукаревска: Ќе продолжиме да го развиваме земјоделството и во новиот мандат

Од:

Носителката на Изборната Единица 2, од коалицијата предводена од СДСМ „Можеме”, Сања Лукаревска, при посетата во Чучер Сандево, каде со граѓаните разговараше за иднината на младите и на државата, рече дека СДСМ се залага за подеднаков развој на сите делови од државата.

Зголемени се платите, пензиите и социјалните трансфери. Чучер Сандево е земјоделски крај, а грижата за земјоделците, ќе продолжи и во наредните четири години, порача Лукаревска.

– На овие избори има само една единствена понуда која нуди просперитет, сигурност и ја носи државата на прав пат. Од другата страна е ВМРО ДПМНЕ кои нудат обнова на режим, непријатели и конфликти. Со СДСМ напредокот и евроинтеграцијата е реалност, рече Лукаревска.

Посочи и дека влезот во НАТО значи и стабилна економија и повисоки плати. Кажа и дека СДСМ води здравствено безбедна кампања, со цел заштита на здравјето на сите граѓани. Лукаревска ја потенцираше важноста од носење на заштитна опрема, бидејќи свеста е најсилното оружје во борбата против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он