Лукаревска: Имаме силна поддршка, граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ и немаат време за губење

Од:

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше и во скопските општини Чаир и Сарај.

Во општина Чаир беше заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, која со присутните разговараше за повеќе актуелни теми и прашања а се осврна и на евроинтегративниот процес и неопходните реформи потребни тој да продолжи.

-Граѓаните сакаат да бидат дел од Европската унија и немаат време за губење. Затоа што знаат дека членство во ЕУ значи подобар и повисок животен стандард, подобри услови за бизнис, повеќе шанси за младите. Имаме историска шанса којашто треба да ја искористиме сега. Денеска Германија уште еднаш силно ја потврдува поддршката за европскиот пат на земјата и за идентитетот за што сме особено благодарни. Оваа поддршка треба да ја искористиме, имаме историска шанса за тоа, рече заменик претседателката Сања Лукаревска на маалска средба во скопски Чаир.

Затоа дијалогот со опозицијата треба што поскоро да продолжи, додаде таа.

-Добро е тоа што Мицкоски веќе не се противи на уставните измени, дојдовме до таа точка да сега сите партии се согласни дека овој парламентарен состав го има целиот легитимитет и мандат да ги спроведе уставните измени. Дијалогот треба да продолжи, затоа Мицкоски треба што поскоро да одреди тим кој ќе учествува во процесот на спроведување на уставните измени, важни за продолжување на нашиот европски пат. Сега, треба сите да ја покажаме одговорност и заедно да ја реализираме една од најважните стратешки определби – полноправно членство во ЕУ, порача Лукаревска пред чаирчани.

Во општина Сарај како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ беа Размена Чекиќ и Кирил Парталов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел