Лукаревска: Градиме развојна економија, создаваме услови за успех на секој млад човек

Од:
Kоалицијата предводена од СДСМ, „Можеме” има чесна понуда и професионални луѓе подготвени да работат за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ знае да владее само со ширење страв и неизвесност. Затоа гласајте, ќе продолжиме напред само ако вие така одлучите, изјави денеска носителката на кандидатската листа во Втората изборна единица Сања Лукаревска во Ѓорче Петров.
На средбата со граѓани на која присуствуваше и кандидатката за пратеничка Санела Шкријељ, Лукаревска рече дека СДСМ во изминатиот период покажала оти знае да постигнува успеси не само надвор, туку и внатре во државата.
– Во изминатите три години покажавме дека парите ги враќаме кај граѓаните, дека се грижиме за секој еден граѓанин и создадовме едно општество за сите. Влеговме во НАТО, отпочнуваме преговори со ЕУ. Градиме развојна економија, создаваме услови за успех на секој млад човек, рече Лукаревска.
Додаде дека во Волково во моментот се гради градинка која ќе биде со капацитет за згрижување на околу 170 дена и оти целта на СДСМ е младите да останат во државата, а не својата иднина да ја бараат надвор од државата.
– Излезете и гласајте, ова се важни избори. Избори на кои одлучувате кому ќе му ја доверите грижата за нашето здравје, за нашиот стандард, за европскиот пат на нашата држава, порача Лукаревска.

Би можело да ве интересира

Лукаревска: Имаме јасен план за модернизација и на образованието и на здравството

Лукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката

Лукаревска: МојДДВ го зголемуваме на 3.000 денари

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов

Ковачевски на Денот на даночници: Со ефикасен даночен систем и позитивни политики ја обезбедуваме финансиската стабилност на државата

Предраг Петровиќ