Постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон беше во работна посета на општина Крива Паланка и со градоначалникот Борјанчо Мицевски разговараше за можна поддршка при изготвување и имплементација на проектна документација за повеќе локации во општината.
– Разговаравме за повеќе сегменти од обалста на заштита на животната средина, за кои општината реално има потреба, поддршка при изготвување на проектна документација и имплементација на проекти за санација на свлечишта, заштита на животната средина, заштитени подрачја и превенција од поплави со уредување на речните корита.Говорам и за руралниот дел, но и за урбаниот дел до градот, за кои дел имаме подготвено проектна документација, но во најголем дел и нема такви проекти, како што е големото свлечиште на патниот правец село Дурачка Река – Село Станци, кое е од значителен обем, нема ниту проектна документација, ниту средства, а само е направена проценка од градежен институт, посочи Мицевски.
Додаде дека со Винтон разговарале и за обезбедување финансии за справуавње со свлечиштето, кое би требало да биде санирано пред наредната зима.
– Околу ова свлечиште има и голем број домаќинства за чиишто живеалишта постои опасност. Разговарано е и со Владата на РМ и се надевам ќе го решиме заеднички овој проблем. Пред Винтон ги претставивме и направивме обиколка и до туристичкиот локалитет Калин Камен, каде има потенцијали за заштитени подрачја, Станечките Водопади на Станечка Река, каде има голем потенцијал за развој на туризмот и промоција на природните потенцијали, како и двете реки: Крива и Дурачка Река, чиишто корита треба да бидат соодветно уредени за заштита од поплави, додава Мицевски.
Винтон порача дека иако не располагаат со голем број средства, имаат тековен проект кој се имплементира со советите и со стручните лица кои работат посветено на заштита и превенција од поплави во разни проекти и области во државата, како што се Полошкиот регион, на Црна Река, на Липковка и други, ќе можат да дадат стручна помош и искуство во справување со водни текови и останати природни ресури.
– Ќе напрваиме напори и да консултираме за можности и повици кај други донатори, а ова за нас е добра прилика да ја видиме ситуацијата на терен директно и да виидме дали во друга фаза и проекти кои ги планираме да можеме да ве вкулучиме и вас. Исто така проектот за децентралиазија е можност да помогнеме, а дискутирајќи со Шведската агенција-СИДА ќе се потрудиме да обезбедиме финансиски средтсва за обезбедување средтсва за оптшините кои немаат за изготвување техничка документација, посочи Винтон.
Рече дека иако првично не можат финансиски да помогнат, тука се и ја имаат Крива Паланка во предвид, да помогнат со експертиза, а во догледно време и на друг начин, согласно со тековните проекти и активности.