Луѓето испазарија за викендот, а употребените заштитни маски и ракавици останаа на асфалтот

Од:

Во 14 часот денеска, а два часа пред почетокот на полицискиот час, се затворија големите маркети во Скопје.

Поголемиот дел од граѓаните кои пазаруваа носеа маски и ракавици, гужвите во маркетите беа неизбежни, и кога навидувам изгледаше дека граѓаните ги почитуваат препораките за заштита и превенција од коронавирусот, екипата на „А1он“ беше сведок на нешто што се повтори во десетина наврати.

Луѓето влегуваа во своите автомобили со кеси полни производи, а употребените заштитни ракавици и маски завршуваа на асфалтот.

Откако ќе се спакуваа во автомобилите, некои од нив дури и низ прозорецот ги фрлаа сега веќе непотребните ракавици за раце.

Оваа пластика не само што тешко се распаѓа, туку може да претставува и извор на зараза доколку истите ги носи лице кое е заболено од коронавирусот. А и сосема доволно говори за (не)културата на живеење во земјава и колективната (не)одговорност.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски