ЛП: Темелна истрага за изведбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид

Од:

„Либералната партија ја осудува непрофесионалноста во изведбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, т.е. несовпаѓањето на проектираната и изведената траса.

dobivaj vesti na viber

ЛП бара надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании заради нестручноста и катастрофалните грешки во проектната документација, надзорниот орган кој ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали.

ЛП бара да се утврдат и санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради ваквите неприфатливи грешки за светот во XXI век, уште дополнителни 100 милиони евра:
– и по ЗКП (со казна затвор),
– и со имот и средства во висина на штетата која е направена,
– како и со трајно одземање на лиценците за работа во ваков тип на дејност.

Доколку нема санкционирање на сите одговорни во овој проект, ЛП ќе смета дека ова е уште една од многуте пропагандни вести, на кои бевме сведоци во изминатите единаесет години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Државата потрошила 38,6 милиони долари само за провизии за автопатот Кичево-Охрид кој досега чини 684,7 милиони долари

Горан Наумовски

Снег, студ и забрани за товарни возила на критичните патни правци

Катерина Павлова-Николовска

Врнежи од снег на Плетвар и Буково, помалку на Попова Шапка, Маврово и Агино-Миладиновци

Ана Ололовска

Сообраќајот се одвива по местимично влажни коловози

Ана Ололовска

Магла на Стража и на патот Тетово – Попова Шапка

Ана Ололовска

Сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози

Ана Ололовска