ЛП: Регистрација на гласачите за Избирачкиот список носи ризици

Од:

Воведување регистрација на гласачите и на таа основа да се направи Избирачкиот список, како едно од прашањата што ги обработува Групата што ги усогласува ставовите за обезбедување фер и демократски избори на 24 април 2016 година, како решение носи одредени ризици што може да имаат сериозни негативни последици во праксата, смета Либералната партија.

Либералната партија во денешното соопштение посочува дека не постои сигурност дека со „доброволна“ регистрација ќе може да се обезбеди уставното право на глас на голем дел од граѓаните. Имајќи предвид дека рокот за регистрација е порано од почетокот на изборната кампања, се укажува, ваквото решение во старт го дестимулира остварувањето на уставното право на глас на граѓаните кои може да решат да гласаат поттикнати од кампањата.

– Либералната партија предупредува дека системот на доброволна регистрација многумина може да го сфатат како ослободување од граѓанската обврска да гласаат, а други да ги изложи на притисок од четирите партии да се регистрираат само оние за кои тие се сигурни дека ќе гласаат за нив, стои во соопштението и се додава дека ако се примени тој метод на правење на Избирачкиот список, во дадените услови постои можност да се преполови избирачкото тело во Македонија, што дополнително ќе го намали легитимитетот на било која власт и на институциите.

Ваквиот систем на правење на избирачкиот список, сметаат во Либералната партија, ги задоволува само теснопартиските интереси на четирите партии – потписнички, а го спречува проширувањето на основата на демократскиот развој на земјата.

Би можело да ве интересира

Излезни анкети: „Романскиот Трамп“ убедливо води на претседателските избори

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Избори во Романија: Излезноста надмина 50 отсто, гласаа повеќе од девет милиони гласачи

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Романија ги повторува претседателските избори по руското мешање

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите