ЛП до ДИК: Државата да не ни го попречува учеството на изборите – избрани сте од четири партии, но одговарате пред Уставот и законот

Од:

Откако, велат од ЛП, сме усмено известени од судот дека издавањето потврди за неосудуваност за кандидатите за пратеници од Либералната партија нема да биде во можност да биде завршено во законски потребните рокови, Либералната партија се обрати до Државната изборна комисија со следното известување:

„Ве известуваме дека во текот на денешниот ден наидуваме на проблем во издавањето на потврдите за неосудуваност на кандидатите за пратеници од Либералната партија.

Конкретно, при доставата на документите, усмено сме известени дека надлежниот суд Скопје 1 Скопје веројатно нема да биде во можност да ги издаде потребните документи во следните 7 дена.

Предупредуваме дека со тоа државата ќе спречи регистрирана политичка партија, во конкретниот случај – Либералната партија – да поднесе кандидатски листи за претстојните парламентарни избори.

Оттука, навремено Ве алармираме да ги преземете сите мерки да не ни се прават административно-политички пречки – нам и на другите партии кои ќе настапуваат самостојно на изборите.

Знаеме дека сте избрани со политичка поддршка на само четири партии, но одговарате пред Уставот и законот во Република Македонија.“

„Нема да дозволиме државата узурпирана од четири партии да не спречи во правото на политичко дејствување и остварувањето законски права.

Знаеме дека сме им проблем, затоа што не сакаме да играме по туѓи ноти.

Ги известуваме и сите амбасади за овие опструкции. Сакавте Пржино? Сега спроведете го на дело“, рече Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски.

Би можело да ве интересира

ДИК ги објави конечните резултати за Скопе и 29 општини

Катерина Ѓуровски

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

Предраг Петровиќ

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

Предраг Петровиќ

ДИК: Денешното гласање се одвива непречено, разгледани приговори и потврден бројот на набљудувачи

Кондарко: Да се почитува изборниот молк, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

ДИК ги објави конечните резултати за избор на советници во сите општини и Град Скопјe

Горан Наумовски