ЛП: Ако МВР не ги приведе сторителите утре, јасно е дека власта планира пресликување на Куманово од 9. мај во Скопје

Од:

„Јасно е дека вчерашниот напад врз граѓани на Скопје по фудбалскиот натпревар Вардар – Шкупи има етнички предзнак и претставува најава на она што треба да се случува по секој „натпревар од висок ризик“.

Според Либералната партија, со отсуството на полицијата при нападот на хулиганите, власта создава претекст на сето она што може да го очекуваме по секој ваков сличен настан. Отсуството на информации за овој настан во медиумите на македонски јазик е дополнителна илустрација за наведеното.

Затоа, директната вина јасно се исцртува во ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а молчењето на нивните идни коалициони партнери покажува дека биполарноста и бинационалноста останува единствена карта во игра на „големите“ партии.

Имајќи предвид дека Македонија ќе игра квалификационен натпревар и со албанската репрезентација, Либералната партија предупредува дека вчерашните слики во Скопје се најава за тоа што ќе се случува во следната прилика.

Затоа, имајќи го предвид сето наведено, а тргнувајќи од фактот што плоштадот е дел од градот покриен со камери, доколку МВР веќе утре не излезе со податоци за осомничените и истите не ги приведе, јасно е дека МВР и власта се обидуваат кумановското сценарио да се преслика и во Скопје.

Либералната партија повикува на смиреност, и потсетува дека ова е дел од истото сценарио со тепачките по автобуските станици, нападот на навивачите врз жителите на Нерези пред неколку години и сл“, се вели во соопштението на Либералната партија.

Би можело да ве интересира

Полициска акција во Скопје, се прават претреси поради лихварство и перење пари

Катерина Ѓуровски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера

Горан Наумовски

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски