Ловокрадец го застрелал својот пријател со кој заедно биле во лов

Од:

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека ловокрадец го застрелал својот пријател во пределот на главата, вратот и градниот кош, додека заедно биле во лов.

„ОВР Ресен до Основно јавно обвинителство Ресен, поднесе кривична пријава протвив Д.Ф (37) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, „незаконитит лов” и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

Пријавениот, на 26.12.2020, со истрел од ловечка пушка му нанел повреди на главата, вратот и градниот кош на Х.Т., со кој биле заедно на лов на место викано „Честак“ во атарот на с.Лева Река, ресенско. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен, а по извршените проверки било утврдено дека ловечката пушка неовластено ја поседувал. Исто така, по проверките било утврдено дека тој не е ниту член на Здружение на ловци и тој ден немал издадена никаква дозвола за лов“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини