Ловџија застрелал ловџија во демирхисарско Мренога

Од:

Ноќеска околу полноќ во атарот на селото Мренога, општина Демир Хисар, при лов се случила несреќа во која еден ловџија го загубил животот, а друг се здобил со тешки телесни повреди, соопшти СВР Битола.

– При лов, лицето М.И. (69 г.) од село Мренога, со ловечка пушка ги застрелал својот син Д.И. (40 г.) и Александар В. (21 г.) сите од демирхисарското село Мренога. На лице место починал Александар В., додека Д.И. е тешко телесно повреден и е пренесен во битолската Клиничка болница.

Преземени се мерки за целосно расчистување на овој несреќен случај, потврди Магдалена Димитровска од Секторот за односи со јавност во СВР-Битола. 

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата