Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Од:

Понекогаш и да не сме во иста насока за одредена работа во надворешната политика секогаш стоиме заедно цврсто како партнери во НАТО и ќе продолжиме понатаму да работиме заедно во таа насока за стабилност и безбедност на регионот, изјави денеска при посетата на Штип aмбасадорот на Обидинетот Кралство во Република Северна Македонија, Метју Лосон, кој одговараше на новинарско прашање за гласањето на нашата земја на Генералното Собрание во ООН за резулацијата за Украина.

-Морам да кажам дека Украина ќе остане приоритет за Обидинетотo Кралство. Ние сме заедно со Република Северна Македонија партнери во НАТО и работиме заедно на стратешките цели и на заедничко постигнување на надворешната политика, изјави Лосон.

Британскиот амабасадор Лосон денеска е во работна посета на Штип при што ги посети Општина Штип и Универзитетот „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Велика Британија стана директен учесник во конфликтот во Иран

Келог: Време е за нов сојуз

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ