Лоренс Ор: Предизвикот за зачувување на животната средина не обврзува сите

Од:

Со семинар насловен „Младинско учество и животна средина“ Платформата за младинска одржливост и Амбасадата на Република Франција во Македонија на 20 април, в сабота, ќе ги започнат активностите по повод одбележување на 22 април – Денот на планетата Земја.

Антонио Јовановски од Невладината организација „Гоу Грин“, која е еден од основачите на Платформата за младинска одржливост, истакна дека таа постои од 2011 година со поддршка од Француската амбасада, а има за цел да ги поврзе, едуцира и активира младите луѓе во областа на животната средина и одржливиот развој. Тоа што постои три години, вели, покажува дека има потреба од неа.

– Потребата од создавање една критична маса на млади и активни луѓе еколошки свесни во едно општество е предулов да имаме одржливост во функционирањето на една држава. Платформата е сојуз на младински организации кои имаат активни волонтери кои работат на различни проекти, но она што ги обединува е едукацијата, која се дава во областа на животната средина и одржливиот развој, рече Јовановски на денешната прес-конференција.

Амбасадорката на Франција во Македонија Лоренс Ор истакна дека од особено значење е сензибилизацијата на младите од училишна возраст за темите од областа на заштитата на животната средина и теми како глобалното затоплување кои сите не загрижуваат.

– Предизвикот кој го имаме во однос на зачувување на животната средина не обврзува да преземеме активности за квантитативно и квалитативно зачувување на животната околина. Станува збор и за еден образовен и економски предизвик, рече амбасадорката Ор.

Таа изрази задоволство што платформата почна со четири огранизации, денес брои осум, а во сабота ќе и се приклучат уште две. Најави дека на 5 јуни ќе се одржи дебата по повод Денот на заштитата на животната средина, а кон крајот на истиот месец најави активности во рамки на Европската недела за обновливи извори на енергија. Амбасадата, рече, ќе го поддржи и издавањето на списанието „Биди зелен“ наменето за популацијата од 10-15 годишна возраст.

Според Јовановски, со новите младински здруженија Платформата за младинска одржливост ќе ги прошири своите активности во 28 општини во државата.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска