Локвенец: Откуп на тутунот во 3 класи со повисоки субвенции

Од:

Криминалната власт на Никола Груевски ги уништи вистинските земјоделци!Тутунарската мака, е врвен приоритет во нашата програма. Тутунот ќе се откупува во 3 класи, според квалитетот и процентуалната застапеност на бербите (долна, средна и горна). Ги зголемуваме субвенциите за тутунот и ќе помагаме квалитет. Субвенцијата за I класа ќе изнесува 80 ден./кг, за II класа 70 ден./кг и за III класа 60 ден, по килограм откупен тутун, рече Хари Локвенец, кандидат за пратеник во И.Е.4.

Субвенцијата, тутунопроизводителите ќе ја добиваат најдоцна еден месец по завршувањето на откупот.

Белите картони, ќе се издаваат од страна на МЗШВ, врз база на доставените договори од страна на откупните компании. Со тоа тутунарите ќе се ослободат од секојдневните гужви во Подрачните Единици.

За сите земјоделци, ќе ги зголемиме субвенциите на 160 милиони евра годишно.
Ќе воведеме т.н. „зелена нафта“ за секој земјоделец, со која цената на нафтата ќе биде пониска до 50 проценти од моменталната.

Ќе обезбедиме финансиски средства во висина од 50% од вредноста за набавка на нова опрема и механизација за секој земјоделец, без притоа земјоделецот да ја уплаќа целосната вредност.
Граѓаните на кои основна дејност им е земјоделството, ќе ги ослободиме од плаќање персонален данок.

Ќе има ревизија на доделеното државно земјоделско земјиште. Наместо во рацете на поединци кои профитираат, а не го работат, земјиштето ќе биде во рацете на правите земјоделци.
Ќе обезбедиме достоинствена цена, пласман и нови пазари за земјоделските производи, а ќе бидеме гарант и за откупувачите.

Никогаш повеќе да не се дозволи палење на тутунот, расипување на пиперката,фрлање на кромидот, газење на грозјето, од самите производители!

Имаме план за живот на сите земјоделци.

Гласањето за бројот 4, е глас за живот на сите во Македонија!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски