Локвенец: Огромни долгови за граѓаните, завршната сметка e доказ за лошите економски политики на власта

Од:

Завршната сметка на Буџетот на Р.Македонија е само уште еден доказ за лошото, недомаќинско планирање и реализирање на фискалните и лошите економски политики на власта во 2015 година.

И со овој буџет како и со сите претходни од 2008 год. наваму владата ги задолжила граѓаните и стопанството за нови 320 милиони евра само по основ на дефицити на буџетите.

Од 2008 год. до денес владата создала нов долг од неверојатни една милијарда и осумстотини и седумдесет милиони евра доведувајќи го јавниот долг во 2015 год на историски највисоко ниво во изминативе 25 год. од 46.5% од БДП.

Ваквото живеење на кредит и во 2015 год. се должи на неспособноста на оваа влада дури и во годината кога растот на БДП е повисок од планираниот (планиран 3.5% остварен 3.7%) да не може да ги релизира планираните приходи во 2015 год.

Така кај вкупните приходи владата има потфрлување за цели 93 милиони евра при што најголемо потфрлање има кај данокот на додадена вредност од 46 милиони евра.

Данкот на додадена вредност е данок на потрошувачка и кога има вакво потфрлање од 46 милиони евра тоа е јасен сигнал и индикатор дека и граѓаните и стопанството помалку трошеле затоа што имале помалку пари.

За тоа впрочем зборува и постојаното зголемување на блокираните сметки на граѓаните и фирмите.

Но потфлање во реализацијата на Буџетот за 2015 год.нема само кај приходите туку и кај расходите при што кај тековните расходи има потфрлување за 45 милиони евра.

Најзагрижувачко е потфрлањето кај капиталните расходи за цели 58 милиони евра.

Потфрлување има кај инвестициите клучни за граѓаните и развојот.

Потфрлање кај инвестиции во Железничка инфраструктура од 9 милиони евра, кај водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води за 5,7 милиони евра кај изградбата на нов клинички центар во Штип од 2.7 милиони евра и кај инвестициите во изградба на основни училишта за 880 000 евра.

Посебно лошо е потфлувањето во ставката Финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој од 14.7 милиони евра и тоа во година кога земјоделците се соочуваа со проблемите на болеста јазлеста кожа и ниските откупни цени.

Доколку владата во целост ги релизирала субвенциите за земјоделците дел од нивните проблеми немаше во толкава мера да ескалирааат и да ги доведат до работ на преживување.

СДСМ не ја подржува завршната зметка за 2015 год и истата само е уште еден доказ дека дека власта во заминување не сака да штеди на своето чоколадо туку сака да штеди само на лебот на граѓаните.

Тоа е уште потврда зошто на Македонија и се неопходни демократски промени и враќање на парите кон граѓаните, рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6