ВИДЕО: Локвенц: Чашата е прелеана, ова е светол миг за Прилеп да покаже заби

Од:

Прилеп е град на историскиот непокор, град на славните илинденци. Прилеп е град на македонското јадро, тврдина на македонштината , рече на митингот во Прилеп, канидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Хари Локвенец.

Луѓето, рече, живеат во страв од сметки за струја, вода, камати. Страв кога одат на работа,ако воопшто одат на работа. Страв од извршители, од нарачани инспекции.

Затоа, рече Локвенец, се побуни прилепската чаршија. Светол миг за бунтовен Прилеп за да се покажат заби.

Чашата е прелеана,се обединија приклепчани и позиција и опозиција. Кренете глас.дајте да ја уништиме ароганцијата и самобендисаноста.Ајде заедно да се бориме против сиромаштијата и невработеноста, порача Локвенец.

Прилеп, рече е гладен град. Со паркчиња и фонтани, рече кандидатот за градоначалник нема економија.

Вети гасификација, градење патишта, создавање на нови работни места. Побара да ја врати довербата на младите дека можат да обезбедат егзистенција за младите тука.

Во Прилеп ,рече, повеќе нема да има поплави,ќе се реши проблемот со водоснабдувањето,ќе се реши проблемот со дивите депонии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?