Локалното население ќе се информира што значи Шара да биде национален парк

Од:

Во тетовско Камењане вечерва се одржува првиот настан во рамки на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк. Активносите од јавната кампања ги реализира Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП).

–Кампањата ја започнуваме со „Патувачко кино“ во руралните средини на идниот национален парк на кој ќе го презентираме промотивното видео „Шар Планина – иден национален парк”. Целта е да ги промовираме природните вредности на Шара и низ неформален разговор со населението, да го запознаеме со значењето и важноста на заштитата на подрачјето. Од 20 часот во Камењане покрај презентацијата на кампањата, предвидена е проекција на промотивното видео „Шар Планина-иден национален парк“, информираат од Центарот за едукација и развој (ЦЕД).

Кампањата на терен ќе се спроведува со повеќе активности, а главна насока е запознавање и вклучување на локалното население.

-Директно вклучување, информирање и консултирање на локалното население, приватните бизниси и сите засегнати страни кои гравитираат на подрачјето на идниот национален парк Шар Планина, со цел да бидат добро информирани и запознаени што претставува национален парк, кои се придобивките, вклучувајќи ги и социо-економските аспекти и зошто Шар Планина треба час поскоро да се заштити со закон, потенцираат од ЦЕД.

Кон кампањата се приклучуваат и организациите од платформата „Пријатели на Шара” преку конкретни активности на терен и медиумска промоција.

Би можело да ве интересира

Природна смрт утврдена кај планинарот најден вчера на Шар Планина

Починат планинар пронајден на Шар Планина

А1он

Регистрирани две нови единки Балкански рис на Шар Планина – сега се вкупно пет

65-годишен скијач од Словенија тешко се повреди на Шар Планина

Горан Наумовски

Опасност од лавини на Шар Планина, постителите да се пријавуваат и да не се движат без водич

Редок момент: Снимени мајка рис и младенче на Шар Планина

Горан Наумовски