Локализиран пожарот во Потпелистерието

Од:

Пожарот кој попладнево зафати делови од атарот на селото Ротино е локализиран. Со масовна интервенција на терен од страна на екипи на територијалната противпожарна единица, потпомогнати со едно противпожарно возило од Општина Ресен и од РЕК Битола, со механизација и возила од јавните претпријатија, со помош на вработените во Националниот парк Пелистер и локалното население, како и со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, не се дозволи негово проширување кон моликовата шума.

Градоначалничката Наташа Петровска, по одржаниот состанок со Кризниот штаб, повеќе од два часа беше на местото каде што беснееше пожарот заедно со екипите кои учеств уваа во неговото гаснење. Таа истакна дека со надчовечки напори на сите кои делуваа на терен, пожарот е ставен под контрола. Сепак, екипи и вечерва ќе останат на локацијата со цел веднаш, превентивно, доколку во раните утрински часови повторно се појави пламен, да делуваат за да не дојде до негово проширување. Во зависност од тоа каква ќе биде состојбата со пожарот во текот на ноќта и во раните утрински часови, така ќе бидат превземени соодветни мерки од страна на Кризниот штаб, односно изутрина ќе се одлучува дали и понатаму ќе се бара вклучување на воздухоплови за гаснење на огнот.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

(ВИДЕО) Пожар пеплоса хотел во Унгарија, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Заврши истрагата за пожарот во Визбегово – обвинети се три физички и едно правно лице