Локализиран пожарот во поранешната фабрика „1 Мај” во Куманово

Од:

Локализиран е пожарот што 13 пожарникари со три противпожарни возила од ТППЕ Куманово, претпладнево го гасеа на објект во поранешната фабрика за градежна столарија „1 Мај„ во Куманово. Пожарот околу 10:30 часот избувнал во погонот познат како стара фарбара.

– Пожарот е ставен под контрола и не постои можност за понатамошно проширување. Сепак, наша екипа ќе остане на терен се до целосното ликвидирање, изјави Дејан Илиевски, командирот на ТППЕ Куманово.

Тој додаде дека станува збор за објект со значителна површина и дека целиот објект бил во пламен.

Причините за настанување на пожарот и настаната материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

Очевидци раскажуваат дека екипата на ТППЕ Куманово веднаш пристигнала на терен, а од Кумановската противпожарна единица додаваат дека успешно е спречено проширувањето на пожарот, особено ако се земе во предвид дека сите објекти во поранешната фабрика се поврзани еден со друг.

Во минатото во фабриката за производство на столарија, врати и прозорци работеа и по двесте работници.

Би можело да ве интересира

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак