Локализиран пожарот во поранешната фабрика „1 Мај” во Куманово

Од:

Локализиран е пожарот што 13 пожарникари со три противпожарни возила од ТППЕ Куманово, претпладнево го гасеа на објект во поранешната фабрика за градежна столарија „1 Мај„ во Куманово. Пожарот околу 10:30 часот избувнал во погонот познат како стара фарбара.

– Пожарот е ставен под контрола и не постои можност за понатамошно проширување. Сепак, наша екипа ќе остане на терен се до целосното ликвидирање, изјави Дејан Илиевски, командирот на ТППЕ Куманово.

Тој додаде дека станува збор за објект со значителна површина и дека целиот објект бил во пламен.

Причините за настанување на пожарот и настаната материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

Очевидци раскажуваат дека екипата на ТППЕ Куманово веднаш пристигнала на терен, а од Кумановската противпожарна единица додаваат дека успешно е спречено проширувањето на пожарот, особено ако се земе во предвид дека сите објекти во поранешната фабрика се поврзани еден со друг.

Во минатото во фабриката за производство на столарија, врати и прозорци работеа и по двесте работници.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане