Локализиран пожарот кај Струмица

Од:

Локалниот ветер е главната причина за повторното распламтување на пожарот што од вчера гори на локацијата меѓу „Двата пата“ и „Гогова чешма“ кај регионалниот пат Струмица-Валандово.

По интервенцијата на авионите на Дирекцијата за заштита и спасување пожарот е локализиран во 10:15 часот, а екипите на струмичката противпожарна единица, на ЈП „Македонски шуми“ и на ЈП „Комуналец“ и понатаму се на терен и будно ја следат состојбата на теренот.

Според командирот на струмичката противпожарна единица Мијалчо Крстев, силниот ветер утринава ги распламтил неколкуте жаришта, кои до вчера беа држени под контрола и повторно се закануваше да предизвика поголеми материјални штети.

„Побаравме повторна интервенција од Дирекцијата за заштита и спасување и двата авиона во повеќе налети од 8 до 10 часот ја угаснаа огнената стихија“, изјави командирот Крстев.

По пожарот кој во понеделникот попладне изби над првите куќи од улицата „Бошко Буха“, изминаите денови струмичките пожарникари и работниците од јавните претпријатија „Македонски шуми“ и „Комуналец“ се во постојано 24-часовно дежурство.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он