Локализиран пожарот кај местото Чашка, Скопско

Од:

Пожарот кај местото Чашка, во општина Ѓорче Петров кој избувна вчера, е локализиран и ставен под контрола.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека ангажираните два авиона во текот на вчерашниот ден направиле 7 налети, а утрово до 11 часот се направени уште 3 налети со два авиона. Дирекцијата за заштита и спасување има мобилизирано 25 лица од Републичките сили за заштита и спасување кои се на терен.

Од ДЗС наведуваат дека се во состојба на зголемена будност. – Вработените во подрачните одделенија ја следат состојбата на целата територија на Републиката и е подготвена во секој момент доколку има потреба да ангажира тимови за брз одговор за гаснење пожари на отворен простор на територијата на Република Македоинија, истакнуваат од ДЗС.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче