Локализиран големиот шумски пожар во Кривопаланечко, опожарени над 200 хектари

Од:

Големиот пожар кој зафати шумска површина од над двесте хектари во реонот на три Кривопаланечки села е локализиран, а екипи од пожарникари и останати лица логистичка поддршка работат на целосно гаснење на жариштата.

Од Територијалната противпожарна единица Крива Паланка информираат дека денес, трет ден од настанување на пожарот, во гасењето се вклучиле вкупно педесет луѓе од ТППЕ Крива Паланка, Ранковце и Младо Нагоричане, екипи на ЈП Македонски шуми, ПШС Одогово, ДЗС и од локалната самоуправа на општината.

Поради силниот ветар пожарот денес се проширил на територија на селата Габар и Метежево, а било спречено истиот да се прошири на подрачјето на село Нерав. Интервенирале и два авиони за гасење пожар од Дирекција за заштита и спасување.

Со авиони бил изгаснат и вториот пожар кој настана претпладенево во општината, во село Осиче, каде е опожарена борова шума, додека во големиот пожар изгореа големи количини дабова и букова шума, нискостеблеста и деградирана шумска маса, трева, папрат и пасишта.

Материјалната штета како и причините за настанување на пожарите дополнително ќе се утврдуваат.

Од почетокот на септември во Крива Паланка се случиле над 10 пожари, а во август околу триесет, со што шумскиот фонд-национално богатство и бели дробови на општината се значително оштетени.

Само во пожарот во село Габар, кој се случи на 8 септември, изгореа околу 60 хектари шума, а пожарот намерно го предизвикал 29-годишен жител на селото, на кој МВР му поднесе кривична пријава.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски