„Лојал Грин“ и „Урбан лаб 1“ наградени на „Скопски автобуски хакатон“

Од:

Тимовите на „Лојал Грин“ во категоријата „Скопски автобуски хакатон“ и „Урбан лаб 1“ за „Паметна автобуска постојка“ се победници на натпреварот „Скопски автобуски хакатон“ којшто се одржа викендов во Јавна Соба во конкуренција од 35 учесници рапоредени во пет тимови.

Наградените ќе учествуваат  на натпреварот на глобалниот хакатон за транспорт во Канада, организиран од Youth for Public Transport. Во своето решение, тимовите ја имплементираа и иницијативата за споделување возило, Social Car поддржана од програмата на Европска Унија Хоризонт 2020 при Град Скопје.

Целта на овој проект, според организаторот, директорот на ЈСП Скопје Игор Јанушев, е да се изработи софтвер за оптиматизација на возниот ред на автобусите на ЈСП со што би се намалиле турканиците во автобусите.

Во рамките на „Скопски автобуски хакатон“ беа одржани и дебати на тема „Сподели возило“, во рамки на меѓународниот проект Social Car.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Николоски: Четири компании доставија понуди за електричните автобуси

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем пожар во Кисела Вода, чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Катерина Ѓуровски

Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба