Лога: Жалам што се дозволи да застари „Титаник 2” и тоа за ист обвинет

Од:

Веднаш по стапувањето на функцијата министер за правда, испратив дописи до Судскиот совет, Советот на јавни обвинители и Јавното обвинителство на 14 март 2023 година, каде предупредив и побарав поефикасно и навремено преземање мерки со цел спречување на вакви и слични ситуации на застарување на судските предмети преку одложувања на судските процеси, изјави министерот за правда Кренар Лога за случајот „Титаник 2“.

– Жалам што се дозволи да застари уште еден предмет „Титаник 2” и тоа за ист обвинет. И покрај мојата заложба да не се мешам во независноста на судската власт, принуден сум да реагирам, да ги повикам сите институции и организации итно да преземат мерки за брзи реформи. Ваквите случаи не му одат во прилог на развојот на општеството туку напротив, со штетата која ќе ја предизвикаат уште повеќе ќе ја поткопаат довербата на граѓаните во целиот систем”, се вели во писмената реакција на Лога.

Би можело да ве интересира

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Лога во Анкара ќе бара информации што треба дополнително да се направи за екстрадиција на Палевски

Катерина Ѓуровски

И да ни се разделат патиштата да се разделиме како цивилизирани и семејни луѓе – Лога по хаосот во Алијанса

Орце Костов

Левица: Министерот Лога предлага закони кои ја рушат унитарноста на републиката

Пет приоритетни области вклучени во Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он