Лога за судијката Манев: Судија што не положил психолошки тест за интегритет, не може повторно да полага

Од:

Министерот за правда Кренар Лога испрати писмен допис до Судскиот совет на Република Северна Македонија во кој се бара советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет информираат од Министерството за правда.

Во мислењето на Институтот наведено е дека Снежана Манев,кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година. Поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.

Укажуваме дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот.Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев и е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби, велат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски