Лога се пожалил во Брисел, Вашингтон и кај амасадорите дека нова власт ќе прави „упад“ во независни институции

Од:

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската Канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во РСМ и до Европската Комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории-Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, соопштија од Министерството за правда.

Во продолжение Ви го пренесуваме писмото во целост:

„Почитувани екселенции,

Ценејќи ја Вашата досегашна континуирана поддршка изразена преку многубројните проекти и вложени средства, кои несомнено придонеле за реформските процеси, како и обезбедување на цврсти гаранции на владеење на правото, со вознемиреност и загриженост Ви се обраќам со ова писмо.

Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за ,,упад”, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владеачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

Изјавите од партиски функционери за мене лично и за Министерството за правда се неприфатливи и недозволиви не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции за кои имаме добиено извештај од Оценската мисија каде точно е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството.

Иако како министер за правда минатата година кога се случија настаните во Судскиот совет, јавно излегов со став за престанок на мандатот на членовите за кој не добив поддршка од коалиционите партнери ниту од опозициските партии, а исто така и по оддржани консултации со Ваши претставници, ми беше сугерирано дека Оценската мисија ќе ја скенира состојбата во Судскиот совет и ќе даде препораки за надминување на состојбите, за што добивме и Извештај. Препораките од Извештајот со особено внимание беа разгледани од највиските претставници на правосудната, академската и стручната фела, како и граѓанскиот сектор и останатите засегнати страни. Дотолку повеќе, што овие препораки се дел од најзначајните документи, како што се: Стратегијата за развој на правосудниот сектор, Патоказот за владеење на правото, како и Планот за раст.

Дополнително ,беше формирарана работна група за законски реформи на Судскиот совет каде во повеќе наврати беа поканети претставници на тогашната опозициска партија и сегашен носител на владејачкото мнозинство, ВМРО ДПМНЕ, на што не добивме повратен одговор.

Изразуваме сериозна загриженост што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи на пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации.

Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Република Северна Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери.

Би можело да ве интересира

Филков: Ја разбирам нервозата на Лога, понатамошната комуникација ќе се води преку надлежните органи

Катерина Ѓуровски

Филков: Документот со препораките од Оценската мисија на ЕК бил земен од претходниот министер за правда

Лога: Уставениот суд во два случаи ја наруши правната сигурност на уставниот поредок, ова е форма на „државен удар“

Лога: Лафчиски неправедно го зазеде местото во АРМ што му припаѓа на Албанец

Катерина Ѓуровски

Лога: Со распуштањето на Судски совет и Советот на јавни обвинители се загрозува судската независност

Лога: 2/3 за Програмата на ВМРО, но не и за уставните измени

Катерина Ѓуровски