Лога на чекор да му го земе министерското место на Тупанчески, актуелниот министер: Се зборува дека местото ќе биде на берза

Од:

Министерот за правда, Никола Тупанчески не е загрижен доколку го сменат од функцијата, ниту негира дека тоа ќе се случи со влезот на Алијанса на Албанците во Владата. Во јавноста веќе протече името на Кренар Лога, како нов министер за правда, кој ќе седне на столчето од Тупанчески. „А1он“ го исконтактира, но тој не одговори на повикот. Но, Тупанчески, смета дека брзата промена на министри не е решение. Тој ја извршуваше функцијата една година.

„Беше лиферувано дека Министерството за правда ќе биде едно од министерствата кое ќе биде ставено на ‘Пазар 3’, фигуративно кажано, ќе биде на берза, во однос на одредени рокади, односно замени на министерските места. Апсолутно и јас како министер, но и Министерството за правда не сме оптоварени со овие работи. Јас кажав дека до последниот ден ќе го дадеме својот максимум. Ние сме министерство кое има резултати и замисла како да ги заокружиме претходните замисли за поддржување на ресурсите. Брзата промена на министри не сум сигурен дека претставува најдобро решение, но дефинитивни, не се зависни од Министерството за правда. Има фактори кои не се директно поврзани со Министерството за правда. Не постои оптовареност со развојот на настаните, но подготвени сме да одговориме на предизвиците“, посочува Тупначески.

„А1он“ контактираше со Лога, кој се споменува како наследник на Тупанчески. Тој не одговори на телефонскиот повик. Тој е правник од Струга. Во јавноста и е познат како член на Државната изборна комисија по предлог на Алијанса за Албанците.

Според неговата биографија, Лога е магистер по дипломатија на Универзитет на Југоисточна Европа – Тетово, а претходно, на истиот универзитет и дипломирал. Бил Извршен директор – Институт за јавна политика Арбен Џафери, раководел со човечки ресурси во Државно правобранителство, работел правни работи во Општина Струга, а претходно и во Општина Тетово.

Би можело да ве интересира

Одбраната на дел од обвинетите за убиството на Вања и Панче смета дека не е јасно работењето на полицијата

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

A1on

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства