Лоцирање на загадувачите во Карпош

Од:

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев се сретна со Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Мирослав Богдановски.
На средбата се разговараше за дополнителни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Општина Карпош.

Присутните преземаа задачи кои ќе ги реализаат во претстојниот период.

Богоев потенцираше дека локалната самоуправа ќе продолжи со секојдневните контроли и дежурства од страна на инспекторите.

Во изминатиот период беа санкционирани повеќе потпалувачи на секундарен отпад, што е еден од најчестите загадувачи на воздухот.

Заменик министерот Макрадули истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање ќе спроведе детална анализа и лоцирање на објекти кои загадуваат на територија на Општина Карпош.

Општина Карпош продолжува со чистење на дивите депонии, како и со оградување и осветлување на исчистените места со цел да не се повтори загадувањето во овие места, рече Богоев.

Исто така, во соработка со Град Скопје ќе има и темелно чистење на Општина Карпош, а најавени се и нови, специјализирани контејнери за селектирање на отпад.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски