Љупчо Николовски од СДСМ поднесе кривична пријава против Делев

Од:

Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ денеска поднесе кривична пријава против актуелниот заменик-министер за економија Христијан Делев.

Според Николовски, Делев треба да одговори како склучувал договори за ослободување на фирми блиски до власта од плаќање закупнина за огромни површини од над 5 илјади хектари, државно земјоделско земјиште.

Како што рече тој, Делев потпишал анекс договори со АК „Џумајлија“ за ослободување од закупнина за 5.642 хектари. Дополнително, како што рече, потпишувал анекс договори за ослободување од плаќање закупнина за фирмата „Лозарство Таринци“ за 334 хектари, за „Вардар Градско“ за 3.220 хектари државно земјоделско земјиште.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата