(ВИДЕО) Љума од „Медена земја“: Слетавме од Германија, чекаме 40 минути во автобус и не знаеме кај ќе не носат

Од:

Кинематографот Самир Љума кој беше дел и од екипата на „Медена земја“, вечерва пристигна во Македонија со хуманитарниот лет од Меминген, Германија. Тој заедно со останатите патници кои пристигнале на скопскиот аеродром ќе бидат однесени во карантин каде ќе останат 14 денови.

Posted by Samir Ljuma on Сабота, 28 март 2020

Љума за „А1он“ вели дека 40 минути седи во автобусот организиран од Владата и не знае каде ќе ги носат. Тој посочи дека се согласил на самоизолација и за тоа бил известен уште пред да тргне од Меминген.

„Не знам каде ќе не носат, шоферот спомена дека има налог за во Охрид. Веќе 40 минути чекаме во автобусот. На аеродромот не ми беше направена епидемиолошка анкета, не бев прашан ништо“, вели Љума за „А1он“.

Posted by Samir Ljuma on Сабота, 28 март 2020

Запрашан дали осетил симптоми на коронавирус, тој посочи дека пред седум дена во Германија направил тест за коронавирус, а резултатот бил негативен.

„Немам симптоми. 15 ден сум во самоизолација. Тестот во Германија беше негативен“, посочи Самир Љума.

Патниците барале да излезат од автобусот за да пушат цигари, раскажува Љума, според кого, шоферот дозволил да се пуши во автобусот ако имаат шишенце со вода. Љума барал да излезе од автобусот, откако патници му се заканувале поради тоа што се побунил за дозволата да се пуши во автобусот.

Летот од Германија е организиран од МНР, заедно со серија други летови за враќање на граѓани од Македонија кои биле заглавени во други земји.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска