Љубе Бошкоски-посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на Заев

Од:

Љубе Бошкоски ќе биде посебен советник за странски инвестиции во Кабинетот на премиерот Зоран Заев.

Бошкоски бил прворангиран од пријавените кандидати кои ги исполнуваат условите на објавениот конкурс.

Фидан Колев ќе биде посебен советник за транспорт и врски. Тој бил единствен кој ги исполнувал условите на објавениот конкурс.

Посебен советник за развој на мултикултурно општество, интеркултурализам и интеркултурните комуникации ќе биде Рубин Земон, кој бил прворангиран од пријавените кои ги исполнуваат условите на конкурсот.

Фатмир Битиќи е избран за посебен советник за спроведување на Рамковниот договор. Тој бил единствен којшто ги исполнувал условите на објавениот конкурс.

Посебен советник за млади и спорт ќе биде Ѓорѓи Тасев, кој бил единствен којшто ги исполнува условите на објавениот конкурс.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Таткото на исчезнатиот Самоил: Тој е убиен и некаде фрлен бидејќи носеше пари со себе

Орце Костов

Киднапирање на внукот на Бошкоски: Го грабнале за да плати украден хероин

Катерина Ѓуровски

Обвинетите поранешни припадници на единицата „Алфи“ сведочеа во предметот „Тортура“

Катерина Ѓуровски