Љубчо Георгиевски: Стариот печат на ВМРО-ДПМНЕ му го предадов на Груевски

Од:

Љубчо Георгиевски тврди дека уште во 2003 година го предал партискиот печат на сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Предавањето било извршено во пријателска атмосфера, веднаш по лидерската смена во ВМРО-ДПМНЕ на конгресот во Охрид во 2003 година, појаснуваат од новата партија на Георгиевски.

Нивното тврдење е реакција на вчерашното објаснување од ВМРО-ДПМНЕ дека печатот кој се појавува на документите презентирани од опозицискиот лидер Зоран Заев е стар и оти со него се користело поранешното раководство на партијата.

„Објаснувањето на господинот Илија Димовски дека на 02.11.2004 година ВМРО-ДПМНЕ добило печат со различен изглед не ја исклучува можноста партијата да го задржала кај себе и стариот печат како би можела да го користи за вакви или слични дејанија, како што е во случајот со најновото обвинение од страна на СДСМ“, соопштија од ВМРО-НП.

СДСМ вчера обвинија дека документите со овој печат докажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ во кеш зела 80.000 евра од донатор, пари кои не биле евидентирани во финансиските извештаи на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела