Емотивен пречек за Jохан Tарчуловски во родното Љубанци. Вечерва неговите роднини и пријатели му посакаа добредојде, јави 24 Вести.
Попладнево, додека се подготвуваше дочекот на плоштадот во Скопје, Љубанци беше празно.
Сите заминаа да го поздрават уште на аеродромот и на централната прослава. Потоа со музика и песни се вратија во Љубанци за да го дочекаат нивниот херој. Еве дел од атмосферата во Љубанци вечерва.