Лишени од слобода двајца гостиварци, при претрес пронајдена дрога

Од:

Денеска околу 11.35 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците 51-годишниот К.С. и 54-годишниот Х.А., информира Министерството за внатрешни работи.

– При претрес во станот на К.С. на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, извршен со судска наредба, во кој бил затекнат и Х.А., биле пронајдени и одземени хероин, неколку пластични шишиња со метадон, дигитална вага и предмети со остатоци од дрога, соопшти МВР.

Тие се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина