Лилјана Поповска се збогуваше со Собранието

Од:

“Денеска е мој последен ден во македонското Собрание и мое последно обраќање како пратеничка. Како што поодамна најавив, нема веќе да се кандидирам.

По 18 години излегувам доброволно, без болест и при здрав разум, откако пред 1 година на ист начин се повлеков од претседател на партијата ДОМ, оставајќи зад себе спремен кадар да ја води” рече Лилјана Поповска.

“Очекував пристојна политичка атмосфера на крајот, за што, нели, сите сме за избори.

Наместо тоа, имаме тензична атмосфера и дијаметрално поделени ставови. Како причина се посочува Законот за јавно обвинителство, кој е оставен за самиот крај на овој мандат.

Жалам што двете страни во долгите преговори за Закон за јавно обвинителство не најдоа заеднички именители и не носиме усогласен закон. Тој секако би бил со помалку дефекти, недоречености и празнини кои даваат можност за различно толкување и примена.

Причина за ова е неспособноста да се договориме што ни е важно, што се црвени линии, што смее, а што не смееда се дозволи во државата. Причина е, за жал, огромната поделеност и недоверба помеѓу партиите.

Почитувани колеги, на сите Ви благодарам за соработката и Ви посакувам поспокоен живот во иднина, независно кој ќе биде овде во парламентот, а кој надвор од него. И мислете на
Македонија и на македонските граѓани во секој момент и секоја одлука што ќе ја носите во нивно име”, истакна Поповска.

Би можело да ве интересира

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики

Нов обид во Собрание за законите за Митилинеос и за игрите на среќа