Ликовен конкурс „Воздухопловни летала на иднина“

Од:

Ликовен конкурс на тема „Воздухопловни летала на иднина“ за учениците од основните училишта во држвава организира Агенцијата за цивилно воздухопловство во соработка со Министерството за образование и наука.

Конкурсот е поделен во две категории: за ликовна творба со која може да конкурираат ученици од 7 до 12 години, и за ликовна творба во 2-Д или 3-Д, со свои креативни дела, за ученици од 13 до 15 години.

Со пропозициите за учество на Конкурсот, заинтересираните лица, може да се запознаат на следниот линк ЛИКОВЕН КОНКУРС.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, ги охрабрува сите млади креативци од земјава да се вклучат во ликовниот конкурс, и со тоа да дадат придонес во изразување на личниот талент и визија, како гледаат на перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.

Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование, е одбележувањето на 75 годишнината од постоењето на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO), во чие чествување се вклучи и АЦВ, преку организација на серија од настани и активности.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови