Лидија Каначковиќ и Селим Адеми избрани за членови на Судскиот совет

Од:

Лидија Каначковиќ, судија во Вишиот управен суд и Селим Адеми, државен советник во Министерството за правда се новите членови на Судскиот совет на Република Македонија.

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на продолжението на 72. седница ги избра Каначковиќ и Адеми за нови членови на Судскиот совет, кои беа предложени од претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувања, Илија Димовски.

Опозицијата во текот на вчерашната расправа за изборот на новите членови на Судскиот совет обвини за партизација на судството, на што пратениците од мнозинството одговорија дека предлагаат професионалци кои имаат богато правничко искуство.

Пратениците ја продолжија расправата по Предлог-програмата за одбележување јубилеи на значајни настани и истакнати личности во 2013 година.

Предлог-програмата содржи јубилеи од 22 настана и 41 личност, а два од нив беа предложени на седницата за собраниската Комисија на култура. На предлог на пратеникот Митре Велјановски од СДСМ програмата се дополни со одбележување 70 години од формирањето на Првата македонско-косовско ударна бригада, а на Комисијата беше прифатен и предлогот на Фламуре Демири-Креци од Национална демократска преродба да се одбележат 80 години од раѓањето на албанскиот ликовен уметник Адем Кастрати.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски даде пауза од еден час и притоа побара Советот на собранискиот канал во најскоро време да одржи седница и да го разреши овој проблем.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on