Лидерите на Европски сојуз за промени и Tаравари на Косово на средба со Курти

Од:

Лидерите на Европскиот сојуз за промени, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши и претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, синоќа во Приштина имале средба со косовскиот премиер Албин Курти.

-Во многу пријателско опкружување, разговаравме за политичките случувања во нашите земји, за соработката што ќе придонесе за унапредување на положбата на Албанците во Северна Македонија, економскиот развој на двете земји и факторизацијата на Албанците во регионот. Ни претстоја голема работа и обврски, објави Касами за средбата на неговиот фејсбук профил.

Според соопштението што го објави Владата на Косово, на средбата се разговарало за позицијата на идниот претседател на Македонија. Лидерите од ЕСП предложиле следниот претседател на оваа земја да биде од редовите на Албанците, „кој го олицетворува соживотот меѓу етничките групи и го гарантира европскиот пат на Македонија“.

Oбјавена е и фотографија од средбата на која се наоѓаат лидерите на ЕСП и Таравари со Курти, а присутен е и претседателот на косовскиот Парламент Глаук Коњувца.

-Доаѓа. Доаѓа. Големата промена доаѓа, пишува на објавената фотографија.

Лидерот на Демократското движење, Меџити, за Клан Косова изјави дека посетата е на поканата на косовскиот премиер, Албин Курти.

Би можело да ве интересира

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Катерина Ѓуровски

Вучиќ: Курти целосно го изгуби разумот

Горан Наумовски

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем