ЛиДеМ: Повеќе Канцеларии за млади, повеќе проекти, повеќе млади во Македонија

Од:

Од 2000. година Либерално-демократската младина(ЛиДеМ) го одбележува Меѓународниот ден на младите заедно со своите пријатели и колеги од Светската федерација на либерална младина и Европските млади либерал-демократи, а се со цел подигнување на свеста за предизвиците и проблемите со кои се соочуваат младите луѓе, велат од ЛиДеМ.

„Предизвиците на кои секојдневно сме изложени како млади луѓе, пороците кои демнат примамливо на секој чекор, оттуѓувањето во вирутелниот свет кој ни го нудат социјалните мрежи, мора да имаат решение во надежта дека ќе ги измениме и подобриме животните услови за младите. Како млади луѓе имаме потреба од безбедни јавни простори каде што можеме да се дружиме.

Нам младите ни се потребни:

– отворени граѓански простории кои ќе ни овозможат вклучување во прашања поврзани со креирањето на јавни политики;

– јавни простори кои ќе ни овозможат учество во спортот и други активности за одмор во заедницата;

– дигитални простори кои ќе им помагаат на младите да комуницираат практично со сите, кршејќи ги бариерите;

– како и добро испланирани физички простори кои можат да помогнат да се задоволат потребите на секој, зависно од нејзините или неговите особености, а особено на оние кои се подлежни на маргинализација или насилство“

– Затоа што знам јас, а знае и секој член на Либерално-демократската младина дека кога младите имаат безбедни простори за ангажирање, тие можат ефикасно да придонесат за развој, мир и интегрирано општество, пишува Моника Зајкова, претседателката на ЛиДеМ на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Младите либерали ги предизвикаа врсниците да направат маска и да се заштитат од Ковид-19

Ана Ололовска

Зајкова до Стоилковски: Не на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!

Ана Ололовска

ЛиДеМ: Младите се ЗА просперитетна иднина овде во Република Македонија

Ана Ололовска

Моника Зајкова: Тажно е што кадрите на Груевски, се обидуваат да го „вадат од кал” својот поранешен лидер

Ана Ололовска

ЛиДеМ со поддршка сите лице слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

Наум Локоски

Зајкова: Никој не смее да биде осудуван доколку поседува одредена количина канабис за лична употреба

Наум Локоски