• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ЛиДеМ со поддршка сите лице слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност

by А1он17/05/2018 - 16:09298
Share0

„По повод 17 мај, меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија Либерално демократската младина дава поддршка на сите лица слободно да ја изразат својата сексуална ориентација и родова припадност.

Добивај вести на вибер

ЛиДеМ изразува задоволство од неодамнешниот чекор кој го направи Собранието на Република Македонија, односно на формирањето на интерпарламентарна група за поддршка на ЛГБТИ правата во која членуваат 2/3 од пратениците на ЛДП. Притоа сметаме дека оваа група своето формирање треба да го оправда со вклучување на сексуалната ориентација и родовата припадност во Законот за спречување дискриминација.

Воедно, ЛиДеМ ќе настојува, Националниот Младински Совет на Р.Македонија да покрене кампања и за менување на законската регулатива во Македонија, согласно која луѓето од ист пол ќе можат полноправно да регистрираат истополови партнерства, следејќи го примерот на одредени земји како Хрватска, Италија, Грција, Унгарија итн. Македонија мора да ја направиме да биде земја на среќни луѓе и среќни семејства кои ќе останат да живеат овде.

На овој ден ги потсетуваме надлежните институции, дека напаѓачите на ЛГБТИ центарот во Скопје сеуште не се казнети и во оваа насока апелираме да се преземат конкретни чекори во насока на строго санкционирање на истите, за делата кои ги извршија.

Либерално демократската младина ја почитува слободата и сексуалната определба и оринтираност на секој човек. Секој граѓанин без оглед на неговата определба треба да се чувствува безбедно, еднакво и слободно во својата земја“ се вели во соопштението на ЛиДеМ.

lidem

Би можело да ве интересира

ЛиДеМ: Една генерација зборува, друга страда – ќе слушнеме ли конечно?

Предраг Петровиќ24/05/2025 - 13:5624/05/2025 - 16:59

ЛиДеМ со Резолуција за Кочани – мирни протести, слободни од политички влијанија и притисок

Предраг Петровиќ08/04/2025 - 10:3608/04/2025 - 16:48

ЛДП: Младите либерали ги предизвикаа врсниците да направат маска и да се заштитат од Ковид-19

Ана Ололовска18/04/2020 - 16:54

Зајкова до Стоилковски: Не на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!

Ана Ололовска04/09/2019 - 09:2504/09/2019 - 12:11

ЛиДеМ: Младите се ЗА просперитетна иднина овде во Република Македонија

Ана Ололовска10/09/2018 - 14:13

ЛиДеМ: Повеќе Канцеларии за млади, повеќе проекти, повеќе млади во Македонија

Наум Локоски12/08/2018 - 15:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен