Мора да се стави крај на очајните и субстандардните услови во студентските домови. Затоа, Либерално-демократската младина сака да го праша директорот на студенскиот дом Гоце Делчев: Колку млади треба да се иселат од државава за да започне елементарно средување на овој и другите студентски домови?
Како може во една вечер да бидат поставени 40 споменици, а толку долго да се чека на реновирање на студенски дом, кој е живеалиште за стотици студенти?
Дали треба да се запали и останатиот дел од студенскиот дом за да дојде на дневен ред и тој да се реновира или тогаш полесно ќе биде да се изгради нов повторно со некој коруптивен тендер?
Дали додека се чека студенскиот дом да се реновира и трета студенска година по ред, студентите треба да постават шатори под палмите во Скопје?
Сигурно тогаш под закрила на палмите би имале подобри услови од оваа мизерија во која сега живеат.
Либерално демократската младина бара итно затворање на делот од домот Гоце Делчев каде што се случи хаваријата, како и негова итна санација. Во меѓувреме, апелираме на започнување на реновирање на студентскиот дом од страна на управата на домот. Исто така, бараме поголем степен на транспарентност на одговорните во трошењето на финанските средства кои ги имаат на располагање.