ЛиДеМ: Глувци, бубашваби нечисти тоалети, слика од студентските домови

Од:

Подмладокот на ЛДП укажа дека премиерот Груевски едно ветува пред избори, а потоа друго остварува.

Во екот на кампањата премиерот Груевски гостувајќи на нему омилената Сител телевизија, по страотните слики од руинираниот студенски дом Гоце Делчев, вети дека после изборите ќе блесне со нов сјај.Од ветеното најголемо реновирање на студенските домови, реализирано е реновирањето само во рамки на студентскиот дом „Стив Наумов“ каде ќе можат да се сместат само 138 студенти, а повеќе од 5.000 студенти во скопските домови, ги чекаат соби со искршени чешми и приклучоци за струја, нечисти тоалети, испукани и влажни ѕидови и тавани, руинирани простории полни со бубачки, а неретко и глувци“, изјави претседателот на ЛиДеМ, Бобан Јанковски.

Укажа дека и во омилениот на ДПМНЕ, антички период граѓаните имале пристап до топла вода во јавните бањи додека за македонскиот студент во 21 век тоа е научна фантастика.

„ЛиДеМ е крајно разочарана од дволичниот и мазохистички однос на Владата кон студентите кои се иднината на овааз земја. Затоа уште еднаш го повикуваме Премиерот Груевски да ги посети овие ужасни живеалишта, а уште подобро да се обиде да преспиe макар една ноќ во некој од студентските домови, за лично да се увери во какви услови живеат студентите“, рече Јанковски.

10579223_359199324251829_1747797795_n

10566589_359199497585145_1054871876_n

10564775_359199367585158_364660470_n

Би можело да ве интересира

ЛДП: Прифатен уште еден наш предлог, до15 септември таблички во различна боја за државните службени возила

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он