Лични карти ќе можат да се подигнат и во сабота и недела, 16 и 17 октомври

Од:

Во пресрет на претстојните Локални избори што ќе се одржат во недела на 17 октомври, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) на 16.10.2021 година ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ на 16.10.2021година (сабота) ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот, соопшти МВР.

Во недела, пак, на 17. октомври сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево), велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина