Лица над 77 години откажуваат вакцинација со „Астра зенека“, на еден од пунктовите 20 отсто не се појавиле

Од:

Голем дел од лицата пријавени за вакцинација се премислиле и утрово не се појавиле на закажаниот термин, а има и такви кои се јавуваат кај матичните лекари и ги повлекуваат пријавите за вакцинирање. Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово, по почетокот на вакцинацијата на оваа категорија граѓани, потврди дека има откажани термини за вакцинација.

„Досега околу 20 проценти од пријавените лица не се појавиле во еден од пунктовите. Рано е да се каже дали има откажувања, но нема несакани ефекти кај постарите лица. Кај нив имунолошка реакција на тромбоцитите не се јавува“, рече министерот Филипче.

Тој синоќа рече дека кај нас, засега, нема да се вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“ лицата под 60 години поради згрутчувањата на крвта кои се појавуваат како последица на вакцинацијата. Оваа одлука рече дека ја донел откако Германија и Канада го стопираа вакцинирањето со оваа вакцина на лица помлади од 6о години во Германија и 55 во Канада, од истите причини.

„Одлучивме да бидеме внимателни. Вакцинирањето е стопирано на лицата помлади од 60 години. Во Германија денес има најава дека ќе продолжат но по консултација со лекар. Ние денес ќе имаме состанок со Комисијата за безбедност во нашата Агениција за лекови, со МАЛМЕД, ќе се обратиме и до ЕМА и до германското Министерство за здравство. Тромботичната реакција кај млади, односно мали згрутчувања на крвта, има во исклучително мал број, во еден од 100.000- 120.000 до милион случаи“, рече министерот Филипче и нагласи дека сегашното стопирање на вакцинацијата за лицата под 60 години е акт на внимателност, кој не треба да предизвика паника.

Вакцинацијата со вакцината на „Астра зенека“, утрово, почна на повеќе пунктови во земјава за лица над 77 години. Вкупно 20.000 вакви вакцини биле разделени на пунктовите оти приближно толку лица се пријавиле.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци

Предраг Петровиќ

Меџити: Има доволно вакцини, родителите да ги вакцинираат децата