Либерално-Демократската партија донесе одлука за приклучување кон Европската коалиција

Од:

Извршниот одбор на Либерално-Демократската партија вечерва донесе одлука за приклучување кон Европската коалиција, што е составена од партии кои се залагаат за полноправна интеграција во Европската унија.

„Согласно стратешките определби на државата, одлучивме на следните избори партијата да биде дел од Европска коалиција. За Република Северна Македонија не постои друг пат освен брзо приклучување кон европското семејство. Од таа причина, како партија која постојано работи во интерес на граѓаните“, истакнаа од ИО на ЛДП.

Од Извршниот одбор на партијата посочија дека јасно е дека политичките партии во трка за поен плус и од популизам не можат да постигнат консензус за спроведување на големи реформи во клучни области, оттука е неопходно да се почне процесот на преговори низ кои ќе се реформира државата. На седницата на ИО, за шеф на Централниот изборен штаб на ЛДП, е предложен генералниот секретар Боби Мојсоски.

Извршниот одбор на седницата формираше и група за програмски преговори во рамки на претстојната Коалиција, што е предводена од потпретседателот Валентин Груевски, претседателката на Форумот на жени – Билјана Аврамоска Ѓореска, претседателката на ЛиДеМ – Јелена Мишиќ и член на ИО – Горан Петрушев.

,,Не постои друга алтернатива за земјата, како од политички, така и од економски аспект освен полноправно членство во ЕУ. Целта е брзи реформи, за видлив напредок дома. Мнозинството од граѓаните се за членство во унијата каде и природно припаѓаме.

Би можело да ве интересира

Граѓаните победија: Банкарските такси паѓаат под притисок на ЛДП, но тука нема да запреме, продолжува борбата против неправедните провизии

А1он

Зајкова: Ако некој пратеник мисли дека банките му се поважни од народот, нека излезе и нека каже: „Гласав за банките, а не за народот”

Горан Наумовски

Груевски: НБРМ ја слушна ЛДП и ги намали трошоците на банките, на ред се банките да ги намалат трошоците кон граѓаните

Форумот на жени на ЛДП најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска

ЛИБСЕЕН го поздравува усвојувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија и ја осудува дебатата за идентитетот

А1он

(ВИДЕО) Зајкова: Одбрана, дигитализација и брзо проширување за целосна интеграција на Западен Балкан