Либерална Интернационала: Забрзување на процесот на членство во ЕУ за надминување на разочарувањето на македонските граѓани

Од:

На 64-тиот Конгрес на Либералната Интернационала (ЛИ), кој викендов се одржува во Сантијаго, Чиле, на предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП), усвоена е Резолуција со која бара забрзување на полноправното членство на земјите од Југоисточна Европа во Европската Унија. На Конгресот ЛДП ја претставува нејзината претседателка и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.

Неуспехот за целосно интегрирање на регионот во ЕУ во изминатите две децении, како што беше наведено во Солунската агенда од 2003-та година, додаваат од ЛИ, доведе до разочарување кај граѓаните и пораст на популистички и нелиберални сили, често поддржани од недемократски надворешни актери.

Почитувањето на Копенхагенските критериумите е и натаму единствен предуслов за членство во ЕУ. Фазен или постапен процес на интеграција може да биде од корист за граѓаните на регионот. Либералната интернационала повикува на забрана за глорификацијата на воени злосторници и соработници во учебниците по историја низ целиот регион.

Во Резолуцијата, ЛИ го изразува своето разочарување што процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ уште еднаш е попречен од билатерални спорови.

Во таа насока, ЛИ ги повикува сите национални чинители и европски партнери да ги интензивираат своите напори за да обезбедат македонските граѓани да можат да се приклучат на ЕУ веднаш штом ќе ги исполнат критериумите од Копенхаген. Комбинација на интензивна дипломатија, конструктивно толкување на постоечките меѓународни договори, почитувањето на посебниот национален идентитет на Македонија и еднаквиот третман за сите етнички заедници треба да бидат водилки овој процес.

За да се забрза економскиот развој на Северна Македонија, од клучно значење е да се спроведат реформи насочени кон зајакнување на независноста на судството, подобрување на ефикасноста, борба против корупцијата и заштита на човековите права. ЛДП во континуитет активно се залага за овие реформи, инсистирајќи за зголемена транспарентност, отчетност и намалено политичко влијание врз судството.

Би можело да ве интересира

Македонија меѓу земјите за кои САД ја запираат обработката на имигрантски визи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зајкова: Срамно е по 18 месеци чекање нов Кривичен законик, да добиеме само козметички интервенции

Мицкоски во Маврово и Ростуше на средба со граѓаните и поддршка за Онер Јакупоски за градоначалник

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Сузана Јошевска-Анастасовска и Арлинда Кадри-Шахиновиќ за членови на Судскиот совет по предлог на Сиљановска-Давкова

На ГП „Блато“ лишен од слобода албански државјанин, се запалило и возило во колона, нема повредени