Либералите во Чешиново-Облешево застанаа зад ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кандидадот на ВМРО-ДПМНЕ за Чешиново-Облешево Костадин Личков, доби подршка од кандидатот за градоначалник од редовите на Либералната партија Ванчо Ефремов.

Личков доби подршка и од актуелниот градоначалник на Општина Чешиново-Облешево Јорданчо Лефков .
„Да се заблагодарам на сите што го дадоа гласот за мене и ќе ги повикам во следниот круг да застанат и да го дадат својот глас за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ“, изјави Ванчо Ефремов, кандидат на либералите на Ивон Величковски.

Тој смета дека со него може општината да работи правилно и да има развој и просперитет.

Костадин Личков влегува во вториот круг со против кандидатот од СДСМ, Горанчо Крстев.

Либералната партија инаку во Парламентот се уште е во коалиција со опозицијата. На заедничка листа е избран, Ивон Величковски е избран за пратеник, а тој и Стојан Андов на почетокот го подржуваа Отпорот.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември