Левица: Здравјето на граѓаните е поважно од профитите на олигарсите

Од:

„Левица се спротивставува на намерите на локалната самоуправа во Општина Аеродром да се засилат градежните активности во наредниот период. И тоа сега, кога заврши мандатот на локалните власти и кога нови важни одлуки не смее да се носат. Новите градежни активности уште повеќе ќе ги намалат зелените површини во општината и ќе го зголемат и така енормното загадување на воздухот во општината и градот.

Сведоци сме како во континуитет политичките елити на власт единствено водат сметка за тесни лични и партиски интереси. За тоа сведочи и примерот со парцелата кај Мајчин Дом, Аеродром. Оваа јавна парцела е приватизирана во време кога СДСМ е на власт на локално ниво, а денес локалната самоуправа, каде што на власт е ВМРО ДПМНЕ има намера да ја надгради со 9-катница на 3 500 м2 површина, при што би се оствариле вртоглави профити на контото на инвеститорот. Левица ќе ги поддржи сите форми на отпор со цел да се стопира ваквата намера на локалната самоуправа во општина Аеродром!

Идните советници на Левица во Советот на Општина Аеродром што ќе се изберат по локалните избори ќе гласаат за промена на овој најнов упад во урбанистичките планови.

Слугувањето на интересите на градежната мафија мора да престане!

Здравата животна средина и здравјето на граѓаните се поважни од профитите на олигарсите“, се вели во соопштението на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски тврди дека економијата е „многу, многу постабилна“, а секое трето дете живее во сиромаштија

А1он

Левица: По скандалот со Македониумот, Оџаклиески ја токми архиварката Стоиловска од ЗНАМ за директор на музејот во Крушево

Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

Катерина Ѓуровски

Левица: Прифаќаме преговори, но сме против билатералните уцени од Бугарија како предуслов за евроинтеграција

А1он

Левица: Нов Луна парк само на хартија – раскинат договорот со „МАСТЕФ“, Градот без официјално образложение

(ВИДЕО) Левица повторно ќе поднесе Предлог-закон за гарантирано платено породилно отсуство за земјоделките